Прв и единствен израелски спортски автомобил
» Користејќи ја својата позиција на ‘омилен’ добавувач на возила за државната администрација, компанијата Autocars од Хаифа на почетокот на шеесеттите години амбициозно реши да се позанимава со производство на спортски автомобил, но според оригинален рецепт. Имено, како партнер на Reliant тие решија заеднички да развијат модел кој секој би го продавал под своите ознаки. Така во 1961 година настана израелскиот Sabra Sport, во чии купе и кабриолет каросерии направени од пластика се вградуваше 1,7 литарски мотор од Ford Consul, на почетокот со 72 а подоцна со 91 коњска сила. Амбициите беа тој да се пласира интернационално, што всушност и се случи, но немањето соодветна сервисна поддршка му пресуди после продадени едвај стотина примероци.