Tags:
Rolls-Royce и лани оствари рекордна продажба

За прв пат преку шест илјади автомобили

» Rolls-Royce оствари рекордна продажба – компанијата за прв пат во својата 117-годишна историја продаде повеќе од шест илјади автомобили. Попрецизно, во 2022-рата се испорачани 6.021 автомобил, за 8 отсто повеќе отколку во 2021-вата. Но исто како и ланскиот рекорд кога беа испорачани 5.586 возила, за 8,5 отсто повеќе од исто така рекордната претпандемиска 2019-та која заврши со 5.152 испораки, односно плус 25 отсто, и овој рекорд нема да трае долго – целокупното производство за оваа 2023-та е распродадено. Но она што е поважно од самиот волумен на продажбата е просечната наплатена цена по возило која е поголема од било кога – скоро бескрајните можности за персонализација по мерка на купувачите резултираа со повисоки цени и, нормално, повисоки маржи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *