Тимот се преименува, но останува ист
» Од овој месец, Renault го гаси R.S. одделението, чии идни модели ќе доаѓаат под ознаките на Alpine. Оваа реорганизација е само на хартија, бидејќи развојните тимови ќе останат исти како и досега, односно ќе нема прелевање на обврските од Renault Sport во Alpine или обратно – секој и понатаму ќе ја работи истата работа како и досега. Овој чекор на раководството на француската марка ќе повлече две последици – првата е зголемувањето на вредноста на досегашните R.S. модели, а со втората ќе се раздвојат Renault Alpine моделите бидејќи веќе е најавено дека моделите на Alpine во иднина ќе бидат само електрични.