Оживувањето на Renault 5 буди спомени
» Renault 5 дефинитивно е култен француски автомобил кој и денес го паметиме. За да остане така, италијанскиот дизајнер Марко Малтезе кој од мали нозе има страст према автомобилите го оживеа преку своја визија на концепт, кој едноставно го нарече Le 5.
Исто како што Renault 5 беше прилично едноставен автомобил, овој италијански дизајнер неговите препознатливи класични линии ги вклопи во модерното стилско изразување на марката. Неговата петка ги има добро познатите детали и формата на оригиналот, а на модерната верзија напред внимание привлекуваат ЛЕД светлата со процепи кои преминуваат во дневни светла и впечатливата светлечка линија што ги спојува, додека затворената маска треба да наговести дека е електричен автомобил. И на силуетата Le 5 доста верно ги презема линиите на оригиналот, а место ретровизори има камери. Авангардниот дизајн продолжува назад, каде се наоѓаат големата стаклена врата и препознатливите задни светла.
Севкупно гледано, овој концепт е навистина привлечен и сосема конкурентен на реинкарнациите на Mini, Fiat 500 и Бубата на Volkswagen. Renault нема ништо со него, но сигурни сме дека Французите со голем интерес ќе ги разгледаат цртежите на Малтезе.