Технолошки напреден, за око пријатен
» Новиот Renault Austral тргна во освојување на Ц-сегментот, кој денес го сочинува јадрото на глобалниот автомобилски пазар. Со одлучно модерниот пристап ги спојува карактеристиките на SUV моделите со новите дизајнерски принципи на марката. Неговата заоблена, сензуална силуета стилски се вклопува во моќните геометриски линии и структурни детали како што се микрооптичките задни и „дијамантските“ предни светла. Атлетскиот, софистициран и елегантен изглед зрачи со квалитет и може да се пофали со идеални пропорции кои го пренесуваат чувството на пространост. Разгледајте го и уверете се и сами.