Произведени 1.851.502 примероци
» Renault 16, семејниот модел од Д-сегментот на француската марка, не е прв хечбек во историјата на автомобилизмот, но се смета за прв успешен големосериски хечбек во својата класа. Тоа никој не му го оспорува, ниту пак фактот дека со своите модерни решенија во голема мерка влијаеше на насоката во која се развиваше француската автомобилска понуда од тоа време. Неговите предности ги препозна и европското жири за избор на автомобил на годината, кое му ја додели титулата за 1966 година. Renault 16 беше претставен една година порано, на салонот на автомобилите во Женева. Се произведуваше 15 години, во шест земји меѓу кои и Југославија.