Пристигнува новиот лав
» Точно 211 години од основањето на компанијата и 130 од испораката на првиот автомобил, Peugeot започна со производство на третата генерација на 308. За разлика од претходните две, тој сега место од Сошо ќе излегува од погоните на фабриката во Мулуз, за почеток со мотори со внатрешно согорување и плаг-ин хибриди. Се очекува да пристигне и во електрична изведба, за која сé уште не е одредено каде би се произведувала. Во Peugeot имаат големи очекувања од овој модел, кој убедливите успеси што ги постигнува 208 треба да ги пренесе во компактната класа.