Враќање на легендата, сега во сосема поинакво издание
» Од Opel стигна официјална потврда на она што се очекуваше – до 2028 година сите негови модели кои ќе се продаваат во Европа ќе бидат електрични. Пласирањето на оваа информација германскиот производител го искористи да ја најави и реинкарнацијата на легендарната Manta. Планирана да пристигне кон средината на деценијава, таа ќе има облик на купе-кросовер со четири врати и ќе биде базирана на една од новите платформи на Stellantis за електрични возила. Некаде во исто време гамата на Opel треба целосно да се состои од електрични или хибридни возила, а ќе се развива и погонот на водород кој веќе е најавен со лансирањето на Vivaro со горивни ќелии, во пробни количини закажано за есенва.
Друга значајна вест е дека со електричната гама се планира враќање на марката во Кина, од каде се повлече во 2015 година, непосредно пред General Motors да запре со продажбата на Chevrolet на европскиот пазар.