40 години во центарот на вниманието
» Opel Corsa со својата премиера 1982 година покрена револуција во класата мали автомобили и ги постави темелите на идниот успех – до денес се произведени повеќе од 14 милиони примероци. Одбележувањето на значајниот јубилеј германската марка го започна со специјална едиција чорапи, креирани според дезенот на карираните седишта на првата генерација. Со нив љубителите на модата е можат да ја покажат својата склоност према безвременскиот дезен и автомобилот што го сакаат. Посебно дизајнираната кутија содржи четири пара удобни чорапи кои сигурно ќе ги привлекуваат погледите.