Tags: , , ,
Opel Ascona и Manta (1970-1975) – фото галерии

Почеток на офанзивата

» Со претставувањето на Ascona и Manta, Opel изврши револуција во седумдесеттите години. Ascona беше напреден пример за спортска и забавна за возење лимузина со одлична управливост, меѓутоа Manta беше круна на славата. Елегантното купе ја делеше истата технологија како и Ascona, што го правеше достапно за голем број купувачи. Manta која се појави две години после спортскиот GT беше уште еден автомобил од соништата што германската марка го донесе на пазарот. И двата  нови  модела ги следеа неговите чекори и се продаваа и во САД, како дел од нивната успешна кариера која каква имаат постигнато само неколку автомобили на Opel.

Ascona беше премиерно покажана на салонот во Торино 1970 година. Како сестрана но спортска лимузина, таа беше позиционирана точно меѓу Kadett и Rekord и со својот животен стил поставуваше нови стандарди. На почетокот беше понудена како лимузина со две и четири врати, а подоцна на палетата се придружи и караванскиот Voyage. Ascona имаше независното предно ослонување и крута задна оска, а силата ја обезбедуваше 1,6 литарски мотор со 68 и 80 KS. Како и поголемите четирицилиндрични мотори од Rekord, и погонската единица на Ascona имаше брегаста оска во главата. Во март 1972-рата Opel претстави и верзија со умерени цени и 1,2 литарски мотор со 60 KS. За оние кои сакаа поспортско возење пак, беше наменета 1,9 литарската верзија со 90 KS. Истовремено, Opel со Manta зачекори на нова територија, во растечкиот сегмент семејни спортски купеа со четири седишта. Механиката и на двата модела беше иста, но со својот изглед Manta беше далеку поатрактивен автомобил. Уникатната појава беше комплетирана со богата стандардна опрема – спортски управувач, загревано задно стакло, халогени светла, двобојна каросерија…

До март 1975 година кога беа заменети со нови генерации, Opel произведе 691.438 единици од Ascona и 498.553 од Manta.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *