Tags: , , ,
Opel ја воскресна Manta (видео)

Добра причина да добие наследник

» Вистина е дека раководството на Opel не размислува за тоа, но уште поголема вистина е дека воопшто размислувало за Manta и причините зошто овој модел е легендарен. Заради нив е одлучено полувековниот јубилеј да се одбележи со уникатен прототип на ретро-електрично купе, кое пак може да предизвика таква реакција што заради него да биде одлучено еден убав ден во иднина Manta да добие наследник. Ние сепак сме сигурни дека Manta GSe Elektromod ќе ја исполни задачата – да им ја заврие крвта на вљубениците во модели и марката, но и да најави враќање на за нив трите волшебни букви GSe, со кои во иднина би се кителе спортските верзии на електричните модели.

Гледајќи ги бројките Manta Elektromod не е тоа, иако со 147 KS и 225 Nm нуди сосема пристојни перформанси. Она што е посебно интересно е што Manta го задржа мануелниот менувач, и тоа со четири степени на пренос, кај кој новост е што со бирањето на четвртиот степен влегува во автоматски режим на работа. Manta има и мала батерија со капацитет од 31 kWh, која ѝ дава автономија од околу 200 km, што е сосема доволно за секојдневното обиколување на популарните градски кафе-свратилишта, со оглед на тоа дека само четири часа мора да биде врзана за бандера заради нивно полнење.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *