Mitsubishi ќе го прекрсти Clio во Colt
» Mitsubishi беше на само чекор од напуштањето на европскиот пазар кога се премисли и реши да остане, нудејќи нови, досега невидени модели. Еден од нив ќе биде Colt, кој, како што најавија Јапонците, ќе биде европски производ, поточно ребрендиран Renault. А гледајќи ја сликата од неговата затемнета силуета, не треба многу имагинација да се препознае дека тоа ќе биде Clio. Замената на идентитетот ќе биде направена со новиот нос, а што ќе има внатре нималку не е тешко да се претпостави. Она што не мора да се претпоставува е дека ќе се произведува во Турција и дека ќе има хибриден погон, што јасно се гледа од сликата. Пазарното деби треба да го очекуваме дури догодина.