Tags:
Mercedes ги исфрла мануелните менувачи

Нови платформи и погонски групи – за старите нема место

» Плановите на Mercedes се јасни – електричните модели ќе доминираат во развојните програми и ќе одземат голем дел од инвестициите и ресурсите. Заради тоа но и заради пазарните трендови, компанијата воведува бројни промени во својата гама. Прво ќе биде кратењето на бројот платформи, што и не е изненадување. Слично може да се каже и за маргинализирањето на конвенционалните мотори – дури 70 отсто од нив ќе бидат пензионирани, при што први на списокот, нормално, се дизелите. Изненадување сепак е исфрлањето на мануелните менувачи, што ќе го почувствуваат купувачите во Европа бидејќи нив во САД ги нема уште од 2015 година. Сепак, не се разочарувајте – ова нема да се случи преку ноќ.

Што се однесува до гамата, таа иако побогатата од било кога порано, засега ќе остане – после купето и кабриолетот на S-класата не се најавуваат нови намалувања на бројот на моделите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *