Во соработка со Renault
» Mercedes ја продлабочува соработката со Renault на полето на комерцијалните возила – веќе е подготвена втората генерација на Citan, кој како германски пандан на Kangoo би требало да набргу да се појави. Бидејќи платформата им е заедничка и тој ќе има своја електрична варијанта, а новина е што патничката варијанта ќе означува и раѓање на нова класа која Mercedes ја нарече Т-класа. Најмалиот ван на Mercedes би требало стилски да биде близок со поголемиот Sprinter. Француската страна за моторизација на Kangoo најави 1,5 литарски дизел кој би требало да биде достапен со 80, 95 и 115 KS. Дали овие мотори ќе бидат преземени и од Германците сé уште не е познато, но реално е тоа да се очекува. Засега се знае дека електричната верзија која ќе биде понудена и кај двата сродни модели ќе има електромотор ќе има 71 KS, а стандардниот сет батерии би требало да овозможи автономно движење од рамно 400 километри.