Пргавоста како формула за преживување
» Русите се познати по пргавоста кога ќе се најдат во тесно, применувајќи уникатни формули за преживување. Така било порано, така е и сега кога се под санкции заради кои страда и производството на автомобили. Снаоѓајќи се најдобро што умее во вакви околности, Lada најави опсежни планови за прилагодување на условите, кои, верувале или не, вклучуваат и производство на електричен автомобил, прв таков на марката. Ќе биде базиран на караванот Largus кој е преработена верзија на Dacia Logan MCV. Засега е објавена само една фотографија, а за техничките детали домашните медиуми претпоставуваат дека ќе доаѓа во три верзии – за 5 или 7 патници и како доставно фургон возило, со автономија од 400 километри. Кога ќе се појави на пазарот не е познато, но тоа сигурно нема да биде пред 2024 година.