Нова ознака, нова дизајн-филозофија
» Во очекување на премиерата која ќе се случи овој месец, Kia ги објави иницијалните информации за EV6 кој е првиот нивни модел поставен на новата електрична платформа на групата и прв со новата номенклатура за означување на возилата, но исто така и прв кој ја промовира новата дизајн-филозофија на марката. Наречена „Обединети спротивности“, таа е инспирирана од контрастите пронајдени во природата и човештвото. Во центарот на новата дизајнерска филозофија е новиот визуелен идентитет што предизвикува позитивни сили и природна енергија, со контрастни комбинации на остри стилски елементи и скулпторски форми. Новиот модел може да се пофали со карактеристичен дизајн инспириран од кросовер моделите, поставен на новата електрична модуларна E-GMP платформа.
EV6 е и првиот модел на Kia кој ќе биде само електричен, односно нема да има бензински варијанти како досегашните. За него Карим Хабиб, потпретседател и раководител на глобалниот центар за дизајн на корејскиот производител, вели: „EV6, како прв самостоен електричен модел на Kia, со својот прогресивен дизајн и електрифицирана моќ е посветен на луѓето. Ние силно веруваме дека EV6 е привлечен и релевантен модел за новиот пазар на електрични автомобили. Со EV6 имавме за цел да создадеме карактеристичен, влијателен дизајн, а истовремено да имаме футуристички изглед со кој ќе се нагласат идните електрични модели на компанијата.“
Дизајнерската филозофија „Обединети спротивности“ која дебитираше на EV6 го нагласува дизајнот и на сите идни модели на Kia. Филозофијата се заснова на пет клучни столбови – храброст за природа, задоволство со причина, моќ за напредок, технологија за живот и тензија за спокој. Карим Хабиб за ова понатаму додава: „Ние сакаме нашите производи да овозможат инстинктивно и природно искуство што го подобрува секојдневниот живот на нашите клиенти. Нашата цел е да го дизајнираме физичкото искуство на нашата марка и да создадеме оригинални, инвентивни и возбудливи електрични возила. Идеите на нашите дизајнери и целта на брендот се поврзани со нашите клиенти и влијаат врз секоја одлука што ќе ја донесеме.“