Инаугуративно со електричниот EV6 и доработениот Stinger GT420
» Првиот настап на Kia на Goodwood фестивалот на брзина ќе биде „огнен“ – корејскиот производител ќе ги изложи електричниот EV6 и сензационалниот Stinger GT420. На овој најголем и најценет настан во автомобилскиот свет кој оваа година ќе трае четири дена – од 8 до 11 јули, ќе пропарадираат низа од најретки, најнови и најегзотични возила некогаш создадени. Со своето јавно деби во Велика Британија, Kia EV6 треба да ја потресе електрична авенија – патот до 2030 година, како што е називот на новата изложба замислена да се прикаже широкиот спектар на електричните возила што се достапни сега или во блиска иднина. EV6 е првиот модел на Kia што се базира на револуционерната E-GMP електрична глобална модуларна платформа и се напојува од пакет батерии од 77,4 kWh кои се полнат на 800 V. Има автономија до 508 километри, а дополнително што фасцинира е и спринтот до 100 километри на час кои се достигнуваат за 3,5 секунди.
Во придружба на EV6 на настанот ќе биде и Stinger GT420. Овој единствен примерок има на располагање 422 KS и 560 Nm вртежен момент од неговиот надграден 3,3 литарски V6 мотор со два турбо полначи. На патека постигнува импресивни бројки како резултат на прилагодливото подесување на ослонувањето, значително намалената тежината и подобрените Brembo сопирачки.