Изненадување без преседан
» Европското жири за избор на автомобил на годината ги објави резултатите од своето гласање кои без преседан изненадија – носител на звучната титула е Jeep Avenger. Најмалиот модел на американската марка кој се произведува во Полска со 328 поени кои му обезбедија голема предност успеа да го победи второпласираниот Volkswagen ID.Buzz кој собра 241 поен. На третото место е Nissan Ariya со 211, а следат Kia Niro (200), Renault Austral (163), Peugeot 408 (149) и дуетот Subaru Solterra/Toyota bZ4X со 133 поени. Ова е прв пат во шестдецениската историја на изборот модел на една американска марка да биде лауреат, со исклучок на Opel Ampera и Chevrolet Volt кои заеднички ја освоија титулата за 2012-та.