Најбрзиот трактор во светот
» Тракторите не се само за орање – тие можат да послужат и за соборување гинисови рекорди, и тоа не еднаш туку два пати. Токму тоа го стори JCB со Fastrac, кој од нормалниот модел се разликува по многу нешта. Најмногу по аеродинамиката разработена од Williams и 7,2 литарскиот дизел мотор напумпан на 1.106 коњски сили. Тие беа доволни за постигнување максимални 247,4 и просечни 217,5 km/h за соборување на гинисовиот рекорд кој го држеше неговата претходна итерација.