Tags: , ,
Hyundai Kona сега е поголема, полуксузна и со пофутуристички изглед

Hyundai Kona повеќе не е мал автомобил

» Hyundai Kona – што се промени? Па, сé – изгледот, големината, внатрешноста… Во духот на новото време корејските дизајнери најпрво ја креира електричната верзија, а потоа се позанимавале и со другите алтернативи – разликите ги покажува уводната слика. Генерално, Kona сега има далеку пофутуристички изглед со тенка светлосна лента која се протега по ивицата на хаубата, светлата се сместени на аглите во браникот а долниот дел од маската е различен за сите верзии. Изгледот од страна е мускулесто груб, а задниот дел е вклопен во визуелна целина со предниот. Внатрешноста е потполно нова, поедноставена и дигитализирана, но сепак дел од копчињата ќе бидат задржани.

 

Значајни промени има во големината – Kona нарасна за дури 15 cm, оставајќи му повеќе пазарен простор на Bayon. Зголемени се и ширината за 2,5 и меѓуоскиното растојание за 6 cm, со што Kona се доближи до C-сегментот. Како и досега, купувачите ќе имаат широк избор погонски опции, но освен дека ќе се нуди со мотори со внатрешно согорување со или без хибридна поддршка и во целосно електрична верзија, деталите не се објавени. За нив и за цените кои сигурно ќе пораснат, ќе мора да почекаме уште некој месец.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *