» Во Нов Зеланд се возат посебни трки, со правила кои важат само кај нив. Една од тие е комбинацијата на рели и ридски натпревари. Во оригинал тие си ги викаат Hillclimb Racing World, што доволно говори за типот на возилата. Токму во рамки на таа серија учествува и Хајден Падон со болид наречен Hyundai i20 AP4++ кој на терен испорачува монструозни 800 KS. За таа цел турбо моторот од 1,8 литри со 300 KS од серискиот i20 AP4 кој го има само во Нов Зеланд, е заменет со 2,1 литарски турбо навиен на споменатата силина. За нејзин успешен пренос на подлогата заменети се голем број механички компоненти и преработена е целата аеродинамика.
Што во пракса може така преработениот i20 се гледа од неколкуминутното видео, а се гледа и што возачот гледа и доживува.