После M5 следи M7
» Кинескиот технолошки гигант Huawei го засилува своето присуство во авто-индустријата – после веќе лансираниот M5, под марката Aito подготвува уште еден модел. Означен како M7, ќе биде долг точно 5 метри и ќе има три реда седишта за шест патници. За погон ќе биде задолжен 1,5 литарски хибриден мотор со комбинирани 272 коњски сили. Засега е познат само неговиот изглед, а другите детали ќе бидат објавени подоцна годинава кога ќе биде неговата официјална презентација.