Honda NSX оди во пензија
» Фановите на Honda кои ја чекаа повеќе од деценија, сега се простуваат од втората генерација на NSX. Овој според сите најбрз и најдобар модел на марката после пет години производство оди во пензија. Во голем стил, со специјалната Type S изведба која располага со бројни суптилни измени во дизајнот и механиката. Најзначајни, секако, се бројките што може да ги даде погонскиот систем составен од 3,5 литарски V6 агрегат и три електромотора кои заедно на сите тркала преку рекалибрираниот SH-AWD систем испорачуваат 600 KS и 667 Nm. Изменети се преносните односи во деветстепениот менувач кој сега работи побрзо, трагите на тркалата се проширени, а адаптивното ослонување дополнително унапредено.
Ќе бидат направени 350 примероци, од кои 300 ќе останат во САД, каде NSX се произведува и продава под ознаките на Acura. Редовната цена изнесува 169.500 долари, а првиот примерок на аукција за добротворни цели е продаден за 1,1 милион долари, и тоа на истиот човек кој пред пет години за 1,2 милиони го купи првиот воопшто произведен примерок на NSX.