Предизвикува зависност во возењето
» Желно страсно очекуваниот јапонски спортски скапоцен камен вози понатаму – на посебен настан во Лос Анџелес Honda го претстави Civic Type R. Велат најсилен во својата 30-годишна историја, но не кажуваат точно колку е. Место тоа ветуваат дека е направен од темел за да пружи возбудливи перформанси со искуство на возење кое предизвикува зависност и на патиштата, и на тркачката патека. Новата лесна и доста цврста каросерија помага во подобрување на стабилноста при големи брзини. Спремен за на патека, прилагоден и тестиран на Нирбургринг, дополнително е засилен со подобрени ослонување и управување. Срцето од два турбо литра му чука во ритам со мануелниот шестстепен менувач кој непознатата количина сила ја насочува кон предните тркала. Непознати се и цените, кои ќе бидат објавени есенва.