Отсега само како хибрид!
» Верно но не до крај следејќи ги дизајнерските постулати што ги донесе седанот, 5-вратната верзија на 11-тата генерација на Civic е пократка од него и со заден дел со поспортски изглед добиен покрај останатото со интегрираниот спојлер и потенките светла. Другото е исто – како велат од Honda направено да го подигне нивото во поглед на стилот, перформансите, безбедноста и напредните технологии. Токму од таму доаѓа и изненадувањето кое, искрено кажано, не го очекувавме – петвратниот Civic во Европа ќе се продава само во хибридна изведба, и тоа според веќе познатата e:HEV формула каде бензинскиот мотор при мали и средни брзини не ги врти тркала туку само произведува струја за електромоторот кој е задолжен за задвижување на возилото. Од Honda не излегоа со конкретни детали за него, но има време за да ги дознаеме бидејќи новиот Civic во Европа ќе дојде наесен идната година.