Зошто ова не треба да нé изненади?
» Откако Sony, на изненадување на сите, на директен начин не еднаш туку два пати најави дека сериозно размислува да навлезе во производството на електрични автомобили, сега следи и најконкретниот чекор во тоа – потпишувањето на договор за соработка со Honda, со кој се предвидува основање стратешки сојуз со цел „влез во новата ера на мобилноста“ преку основање нова компанија која ќе произведува електрични автомобили. Веќе со ова сé треба да биде јасно – со овој договор и двете компании добиваат, посебно што, не се сомневаме, ќе го најдат вистинскиот баланс на кој ќе почива меѓусебната доверба од која ќе произлезат новите генерации електрични возила од, сега слободно можеме да кажеме, двете марки, но и други производи и услуги поврзани со иницијалната идеја. Кога, како и што, засега не е премногу прецизно дефинирано – се споменува 2025-та, но можено е да биде и порано.