Автомобилот наполни 135 години
» Поминаа точно 135 години откако се официјализираше идејата на Карл Бенц за неговата моторна кола, што официјално се смета за роденден на автомобилот. Официјалниот назив на неговата креација со три тркала е Benz Patent-Motorwagen и е задвижувана со мотор со внатрешно согорување со еден цилиндар со работна зафатнина од 954 cm³ и максимални две третини коњска сила при 250 вртежи во минута. Проектот го финансираше неговата сопруга Берта, на која ѝ беше доверена промоцијата на возилото. Таа за да го привлече вниманието на јавноста го направи првото патување со автомобил, возејќи го на делница долга 106 километри, за што ѝ требаа 12 часа. По тој повод, Mercedes-Benz има снимено краток документарен филм.