Предизвикувач на британските спортски автомобили
» Јужна Африка е полна заљубеници во автомобилите и затоа не чуди што низ историјата има повеќе обиди за конструирање домашен автомобил. Меѓу оние кои колку-толку успеале е и компанијата Glassport Motors од Кејптаун, на скратено GSM, чиј спортски автомобил Flamingo налик на британските го привлече вниманието на светот. Под складно обликуваната каросерија од фиберглас се кријат за тоа време современи технички решенија, но и слаб мотор од Ford, на почетокот 1,7 литарски од Taunus, а подоцна 1,5 литарски од Cortina. Направени се 150 примероци.