Концепт од 1954-тата како што не ни може да се замисли
» Легендарниот концепт Golden Sahara II од 1954 година беше вистински расадник на идеи за нови тогаш футуристички решенија – од електронски систем за надзор на забрзувањето преку управувањето со помош на рачка по углед на авиоиндустријата до автоматско кочење со помош на сензори кои ги регистрираат евентуалните препреки на патот. Имаше и стаклен кокпит со луксузен ентериер и позлатени детали внатре и надвор, електрично отворање на вратите, гласовни контроли, стерео радио, магнетофон, телевизија, телефон и коктел бар. Најинтересни сепак беа проѕирните и светлечки пневматици кои GoodYear ги разви специјално за него. Неговите инженери за тоа употребија проѕирен синтетички каучук и вградија светлосни елементи во нивната внатрешност која беше дел од пошироката замисла за развој на пневматици кои во лоши временски прилики би овозможувале дополнително осветлување на коловозот и би светеле при посилни кочења. Затоа и GoodYear помогна во спасувањето од заборав на овој уникатен концептен автомобил во американската историја, кој реставриран беше покажан на салонот на автомобилите во Женева во 2019 година.