Цената изненади!
» Ford му ги замати сметките на General Motors – електричната верзија на F-150 наречена Lightning е доста поевтина од GMC Hummer EV. Не е случајно, бидејќи овој пикап веќе 40 години е најпродавано возило во Америка и такво треба да остане. Затоа и интересот со кој беше дочекана неговата електрична изведба беше голем – дури и претседателот Бајден се заинтересира за него. Постојат две изведби – првата со 426, а втората со 563 KS. И двете имаат по два електромотора кои струјата ја добиваат од пакет батерии кои во првиот случај обезбедуваат автономија од 370, а во вториот 480 километри. Инсталирани се во подницата на возилото и подржуваат до шест начини на полнење, а можат да се користат и за напојување надворешни уреди со струја.
Перформансите му се воодушевувачки – до 96 km/h забрзува за 4,4 секунди. Ослонувањето е независно, а погонот, нормално, на сите тркала. Патниците имаат на располагање бројни работи преземени од Mustang Mach-E, а има и два багажника. Цените започнуваат од 39.974 долари без субвенции и се искачуваат до околу 90.000. Нарачките веќе започнаа да се примаат, а првите испораки се предвидени за идната пролет.