Камен-темелник на еволуцијата на Bugatti
» Осум цилиндри во линија, два литра, 100 KS и 145 km/h – тоа се бројки на вистински спортски автомобил од 1922 година, се разбира ако го прави Bugatti. Означен како Type 30, тој остави незаборавен впечаток и со своите бројни технички иновации. Моторот му настана со спојување на два четирицилиндрични агрегати и имаше по два всисни и еден поголем издувен вентил на секој цилиндар контролирани од брегаста оска во главата која беше задвижувана од вертикална оска поставена на предната страна на моторот. Менувачот беше со четири степени, а дел од механичките компоненти преземени од тркачките модели на марката. Беше прв сериски автомобил во историјата кој имаше сопирачки на сите четири тркала а за поголема удобност користен е повеќеслоен кожен пакет кој ги апсорбираше ударите предизвикани од лошите патишта.
Се произведуваше од 1922 до 1926 година во повеќе варијации, главно спортски турери со четири и купеа и кабриолети со две седишта, а го доработуваа и каросеристите. Вкупно беа продадени околу 600 единици, од кои зачувани се околу 35.