Гледајте – не пробувајте, а и да сакате нема со што да можете
» Кој е Bugatti Chiron не треба да објаснуваме, уште помалку што значи 400 и кусур километри на час. Голем број луѓе тврдат дека Chiron е крал на сите автомобили и тешко е да не се сложете со тоа. Преполн е со модерна технологија, ама во исто време останува верен на конвенционалните погонски решенија. Срцето му е баждарено на 1.500 коњски сили кои ќе го дотераат до неспецифициран број километри на час – Bugatti вели дека фабричкиот тест возач Енди Валас со него има постигнато точно 490,48 km/h, но и дека заради безбедносни причини електронски е ограничен на „само“ 420 километри на час, главно заради пневматиците кои не можат да гарантираат поголеми брзини. Но сепак и едното и другото е (пре)многу брзо, за што доказ е и оваа реална снимка од него на германскиот аутобан на кој постигнува 414 km/h.