Чуден автомобил, посебно што е од BMW
» Чудно дизајнираниот двосед кој беше прв родстер што BMW го разви три децении после фамозниот 507 имаше влијание во светот на убавите автомобили. Z1 кој во периодот од март 1989 до јуни 1991 година беше произведен во само 8.000 примероци располагаше со 2,5 литарски реден шестцилиндричен мотор од 325i со 171 KS и за своето време имаше многу иновативни технолошки решенија, како што се уникатната монокок конструкција со засебни пластични панели на каросеријата, вовлекливите врати и мултилинк задното ослонување.