Tags: ,
BMW 2 Coupe

Јасна визија под маската

» Подготвувајќи му го почетокот на производството за летово, BMW се пофали дека е при крај со развојот на новата серија 2 во купе изведба чии маскирани прототипи кружат низ Нирбургринг, каде се спроведуваат последните тестови на подвозјето, односно ослонувањето, системот за управување и сопирачките. Тоа беше повод да се спомене дека малиот спортист (повторно) ќе има своја М-верзија, но додека стигне таа врв на понудата ќе биде M240i xDrive со својот реден шестцилиндричен мотор со два турбокомпресора и осумстепен Steptronic Sport менувач преку кој ќе се пренесуваат 374-те коњски сили на сите четири тркала.

Иако фотографиите на камуфлираните прототипи не пружат јасна визија како ќе изгледа автомобилот, од BMW велат дека многу работи се јасни, но не кажуваат докрај кои се тие. Нам ќе ни станат јасни дури после неговата премиера која се очекува наскоро.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *