Opel Insignia оди во пензија
» Уште еден модел од средната европска класа без наследник оди во пензија – Opel реши да го згасне производството на Insignia. Штета, бидејќи кога се појави ветуваше многу. И исполнуваше, да бидеме искрени, барем на почетокот. Но потоа настанаа проблемите а ресетирањето на приказната со втората уште подобра генерација на Insignia не му успеа на Opel. Токму тогаш лимузините од овој сегмент започнаа да умираат, а преземањето од PSA во најмала рака доведе до наново пишување на сите планови за понатаму. Тоа што следеше подоцна нема да го повторуваме – кој купил, купил. Кој не, можеби еден ден во некоја поубава иднина ќе добие нешто налик на кросовер купе караван, но и тоа е под голем знак прашање.