Од 2033 година стоп за бензинците и дизелите
» Audi го објави новиот план за развој наречен Vorsprung 2030 со кој ја додефинираше својата агенда за претстојната електрификација на гамата. Главната точка во него е дека од 2026 година сите нови модели на марката ќе бидат електрични, а до 2033 година постепено ќе згаснува производството на автомобили со бензински и дизел мотори. Овој план е дело на главниот стратег на марката Силја Пих, која го подготви заедно со околу 500 други вработени во Audi од различни хиерархиски нивоа задолжени за клучните пазари, вклучувајќи ги Кина и САД. Не е објавено колку ќе се инвестира за ова.