Првиот автомобил од серијата 6C на Alfa Romeo
» Alfa Romeo ја користеше ознаката 6C за серија свои модели со од шест цилиндри произведувани меѓу 1927 и 1954 година. Првите два, 6C 1500 и 6C 1750 беа испорачувани само како шасија со комплетна механика на каросерниците како Nord Italia, Zagato, Touring Superleggera, Castagna, Garavini, Stabilimenti Farina и James Young. Моделот 6C 1500 беше претставен 1925 година како наследник на големиот и тежок RM и имаше 4 или 6 седишта. Базиран беше на тркачкиот P2 со мотор од 1.487 cm³ со брегаста оска во главата и 44 коњски сили со кој постигнуваше 110 km/h. Производството му започна во 1927 година, а веќе наредната беше претставена Sport верзијата со две брегасти оски и 54 KS, доволни за 125 km/h. Набргу следеше и Super Sport верзијата со двоен карбуратор и 60 KS, која беше основа за уште две моќни изведби со компресорски мотор и 76 односно 84 KS со кои 6C 1500 постигнуваше максимални 140 односно 155 km/h. До 1929 година беа направени вкупно 1.075 примероци.