Tags: , ,
Audi Grandsphere – први скици

За единствено искуство од високата класа

» Пред некое време Audi најави серија од три иновативни концепти кои ќе ја дефинираат неговата идна гама. Skysphere треба да го очекуваме во август, Urbansphere идната година а Grandsphere е планиран за септември за салонот на автомобилите во Минхен. Токму за него Audi се одлучи да сподели некои детали со нас, вклучувајќи ги и овие први скици. Grandsphere може да се опише како Audi A8 за иднината во која ќе нема бензински и дизел мотори. Заради тоа хаубата е релативно кратка за вака големо возило – бидејќи не е потребен гломазен мотор со внатрешно согорување, предниот превис е краток. Тоа автоматски го максимизира меѓуоскиното растојание во однос на вкупната должина, со што се добива пространа кабина. Таа е замислена како дневна соба на тркала со минималистички пристап за да се создаде пријатна атмосфера за опуштено возење во кое главниот збор ќе го имаат напредните автономни технологии.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *