Не, не е Renault Espace туку нешто сосема друго
» Ова што го гледате на сликата е изворно дело на вредните кинески раце, направено во чест на 40-годишнината од прогласувањето на Кина за народна република. Како основа е земен Volkswagen Santana, тамошна верзија на втората генерација на Passat, произведуван од Shanghai Auto, денешен SAIC, чии инженери и мајстори на дизајнот соработуваа со шангајскиот институт за истражување автомобили и трактори. Концептот изворно беше означен SVW7181 како кратенка од Shanghai Volkswagen, но откако Германците збеснаа заради едностраното користење на логото и буквите VW, Кинезите го сменија во SH7181. Идејата беше сериозна бидејќи во тој момент на кинескиот пазар не постоеше ваков тип возило, но платформата на Santana се покажа како прелесна за него и тоа не стигна до сериското производство.