Tags: , ,
Се појави Volkswagen ID.Buzz

Микробус на 21-от век

» Целосно електричниот ID.Buzz кој Volkswagen треба да го претстави пред крајот на идната година, влезе во фаза на тестирања на јавните патишта но за разлика од прототипите на другите нови модели, скоро немаскиран. Се забележува дека има порамен нос од концептот кој дебитираше на салонот на автомобили во Детроит 2017 година и малку помало лого на компанијата, но останува огромното и наназад закосено ветробранско стакло. Јасно е дека VW ја намали количината ретро-стилско влијание на дизајнот бидејќи сепак ова ќе биде микробус на 21-от век. Ќе биде поставен на MEB платформата која ќе му донесе еден или два електромотора, а инженерите целат кон автономија од 550 километри. Планирани се патничка и доставна верзија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *