Tags: ,
Peugeot 308 остана без дигитални инструменти

Ако нема чипови, има стрелки

» Peugeot ќе запре со вградување на дигиталните инструменти во 308, место кои ќе ги врати аналогните. Причината не е немањето интерес на купувачите, туку напротив – големиот интерес бара и големи количини чипови кои во моментов ги нема. Затоа тие се резервирани за поскапите модели кои носат и поголем профит, во конкретниот случај за 3008. Оваа одлука на Peugeot се однесува само на сегашната генерација на 308, а не и на идната чии испораки ќе започнат во септември. Некаде тогаш Peugeot треба да престане со производство на сегашниот 308 во фабриката во Сошо, додека новиот 308 ќе излегува од погоните во Милуз.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *