Tags: , , ,
Mercedes EQT (видео)

Електричен моноволуменец како пристигнат од иднината

» Mercedes го претстави концептот на својот деветти електричен модел, компактниот моноволуменец EQT. Како што знаеме, тој е електрична верзија на идната Т-класа, која пак заедно со доставниот Citan од втората генерација ќе се нуди со бензински и дизел мотори. Нормално, основа за сите нив е Renault Kangoo, иако за концептот што го гледаме тешко можеме да кажеме дека воопшто личи на него. Дизајнот му е фантастично добар, како пристигнат од иднината и ќе биде штета ако Mercedes претерано го ублажи за серискиот модел. Ова посебно го мислиме за внатрешноста која едноставно изгледа одлично. Во неа има простор за 7 патници, овозможен од продолженото меѓуоскино растојание и повисокиот покрив.

Техничките детали не се објавени и не се знае дали Mercedes во целост ќе го задржи погонот на електричниот Kangoo со 101 KS и батерии од 45 kWh кои обезбедуваат автономија од 265 километри, а исполнетоста со безбедносни системи ќе биде на ниво на другите модели на марката. Ќе се произведува заедно со својот француски брат во фабриката во Мобеж, на самата граница со Белгија. Сериската верзија на Mercedes EQT треба да ја очекуваме идната година.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *