Tags: , ,
Nissan и Mitsubishi со заедничко електрично возило

Ќе биде ли и за извоз или само за Јапонија?

» Nissan и Mitsubishi се пионери во електрификацијата – Leaf се појави 2010-тата, а една година пред него малиот i-MiEV. Но додека Nissan продолжи по патот што сам го зацрта, Mitsubishi се откажа и остана еден од ретките производители на возила кој нема електричен модел. Но сега со новата стратегија на алијансата, тоа ќе се смени – двете компании идната година треба да претстават нов заеднички електричен автомобил. Наменет е за домашниот пазар, иако не е исклучено да биде понуден и за извоз. Целта им е да постигнат цена пониска од 2 милиона јени, околу 18.500 долари, но со вклучени субвенции. Се проектира за автономија од околу 200 километри, а според големината ќе биде колку споменатиот i-MiEV. Не е потврдено, но најверојатно како основа ќе биде искористен IMk концептот на Nissan преставен на токискиот салон на автомобилите 2019-тата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *