» ,
Мал SUV Made in Serbia?!

Кој нов модел би можел да се произведува во Крагуевац?

» Лани фабриката на Fiat во Крагуевац повеќе не работеше отколку што работеше. Причината за тоа не е (само) коронавирусот, туку намалената побарувачка за 500L кој таму се произведува. Тој го завршува својот животен пат, а бидејќи интересот за оваа класа моноволуменци е во опаѓање, се поставува прашањето кој ќе го наследи. Италијанската стручна јавност веќе имаат подготвено одговор – тоа ќе биде моделот кој медиумите го нарекоа 500 Giardiniera, кој би ги користел постоечките платформи и технологии на Fiat. За него малку се знае, но италијанскиот производител веќе има сличен модел во Бразил – Argo Trekking (на сликите). Некои пак веруваат дека во Крагуевац може да се насели и нешто со француска платформа, но само доколку Stellantis одлучи добро да инвестира. А од таму стигнуваат вести дека за идната судбина на оваа фабрика ќе се изјаснат за некој месец.

Испрати коментар

Вашата е-мајл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *