» , , , ,
ФИНАЛИСТ – Автомобил на годината во Македонија 2021
»  

Škoda Octavia

Во тек е он-лајн (https://coty.mk/#vote) гласање каде моделот што ќе освои најмногу гласови ќе има еден рамноправен глас при изборот. Со цел да можете да се запознаете подобро со финалистите и да гласате за вашиот фаворит обезбедивме рамноправно претставување на секое возило. Резултатите од гласањето на жирито, финалистите и јавноста ќе биде познато на почетокот на март. Претставувањето на финалистите е по случаен избор. Он-лајн гласањето трае до 28 февруари 2021 година до 23:59 часот.

» Кога пред 25 години се појави Octavia, беше дочекана со скептицизам. Многумина беа на мислење дека семејната лимузина е преголем чекор напред за Škoda која штотуку беше станала дел од семејството на Volkswagen. Но Чесите знаеја како да ги искористат технологиите што со тоа им станаа достапни и упорно и трпеливо го градеа името Octavia во своевиден бренд. Така таа од генерација во генерација стануваше сé поуспешна, опасно доближувајќи му се на својот механички донатор Volkswagen Golf. Како и претходните, и четвртото издание на овој популарниот семеен автомобил од него ги има добиено најновите технички решенија. Модуларната платформа ѝ наметна малку поинакви пропорции, кои ѝ донесоа и зголемени габарити. На нив се надгради новиот дизајнерски израз на марката со кој Octavia изгледа помоќно и попретставително. Под острите и прецизно извлечени линии и понатаму се крие раскошен простор, со кој кабината на Octavia ги надминува димензиите на класата.

Во неа патниците во целост можат да уживаат во бенефитите од целата низа практични решенија и новите семејни технологии. Така веќе во почетното ниво на опременост се среќаваат системите за детекција и автоматско сопирање, за одржување на коловозна лента и други безбедносни асистенти, а во поскапите и адаптивниот темпомат, виртуелната инструмент табла… Сето тоа треба да ја оправда релативно високата стартна цена која во Македонија за верзијата со 1,5 литарски мотор со 150 KS изнесува 20.330 евра, која ќе се спушти кога кај нас Octavia ќе пристигне со еднолитарскиот мотор со 110 коњи. Кој сака повеќе може да ја добие со десетина други моторни комбинации – бензински, дизел, хибридни, плаг-ин хибридни или со погон на природен гас. Покрај стекнатата доверба, токму богатството избор е една од клучните карактеристики зошто Octavia досега е продадена во скоро 7 милиони примероци и зошто лани стана втор најдобро продаван модел од компактната класа и целокупно петти во Европа.

Повеќе за изборот, он-лајн гласањето, критериумите и сите досегашни победници посетете ја страницата www.coty.mk.

Испрати коментар

Вашата е-мајл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *