Tags: ,
Ќе се препороди ли Alfa Romeo Montreal?

Држете палци!

» Лани, по повод 50-годишнината од почетокот на производството на еден од своите најубави модели Montreal, Alfa Romeo организираше отворен конкурс за дизајн колку да го одбележи јубилејот. Беа побарани само компјутерски рендери, пред сé од помладите дизајнери, со кои тие ги претставија своите визии за овој модел. Одзивот беше повеќе од изненадувачки, а најмногу симпатии освои младиот Бразилец Педро Руперто Малосто, кој едноставно сензационално ја реинтерпретираше продукциската изведба на Alfa Romeo Montreal од 1970 година. Оттогаш за ова нема ниту збор, но со најновиот развој на настаните каде Alfa Romeo заедно со DS и Lancia доби посебно премиум место во новоформираната група Stellantis, се роди надеж дека нешто од ваквите идеи може и да се испили.

Сепак за тоа сé уште е рано да се зборува, заради што ќе се задржиме малку на интересниот настанокот на Montreal. Тој всушност е претставен како безимен концепт на меѓународната општа изложба Expo 67 во Монтреал, каде извонредната реакција на публиката ги примора Италијанците да размислуваат за негово сериско производство. Така, моделот после три години беше претставен на салонот во Женева под име за кое никогаш не се водела дискусија поради фактот што сите говореле за концептот кој бил прикажан во Монтреал, па затоа се сметало дека е природно и серискиот автомобил така да биде наречен.

Производството на Alfa Romeo Montreal траеше 7 години, за кои се направени само околу 3.900 примероци, кои оставија неизбришлива трага зад себе. Токму поради тоа италијанскиот производител одлучи да организира дизајнерски натпревар во кој ќе бидат прикажани идеите за тоа како денес би изгледал.

Дали има шанси оваа прекрасна автомобилска скулптура да стигне до редовното производство? Велат дека надежта умира последна, но навистина би било штета ако се случи тоа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *