» , ,
Volkswagen ID.1 е планиран за 2025 година

Стартот под 20.000 евра

» Свежо лансираниот ID.3 ветува значајна електрификација на гамата на Volkswagen, која во иднина ќе стартува од ценовно најприфатливиот ID.1. Според сé уште непотврдените но во голема доза извесни информации, Volkswagen веќе работи на замената на сегашниот e-Up!, за чие лансирање ќе се почека пазарно најповолниот момент. Тој според сегашните сознанија би бил во 2025 година, до кога се очекува цените на електричните возила значително да се намалат. Моделот интерно познат под кодната ознака e-Zzity ќе биде мал петвратен хечбек, стилски близок до ID.3. Од него ќе ја добие и MEB платформата, која заради намалувањето на трошоците ќе биде поедноставена. Нејзината модуларна конструкција ќе овозможи повеќе деривати кои засега се неизвесни – мал моноволуменец, кросовер или нешто помеѓу. Се планира да биде опремуван со батерии од 24 и 36 kWh, кои со оглед на градската големина ќе му овозможат сосема солидни 200, односно 300 километри автономија. Цената на Volkswagen ID.1 не би требала да биде поголема од 20.000 евра. Очекуван датум за претставување на концептот е некаде во 2023-година.

*На фотографиите е прикажан VW ID.3

Испрати коментар

Вашата е-мајл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *