» , ,
Електричен Opel Combo-e Life

Електрификацијата продолжува

» После Corsa, Mokka, плаг-ин хибридниот Grandland X и Zafira Life, на својата електрифицирана понуда на патнички возила Opel го додаде и Combo Life. Како и неговата доставна верзија, и тој е задвижуван со електромотор со 136 KS и 260 Nm, кој ќе го забрза до 100 km/h за 11,2 секунди. Најголемата брзина е ограничена на само 130 km/h, а со едно полнење на батериите од 50 kWh има автономија од 280 km, додека на брз полначи до 80% од капацитетот тие можат да се наполнат за 30 минути. Opel Combo-e Life ќе биде достапен во нормална и продолжена верзија. Нормалната има должина од 4,4 метри, пет седишта и багажник од 597 литри, додека продолжената со своите 4,75 метри може да се добие со 5 или 7 седишта. Во стандардната опрема меѓу другото се и 8-инчен екран на инфо-забавниот систем, навигација, Apple CarPlay & Android Auto, а како опција се нудат панорамски покрив, IntelliGrip и друго. Продажбата ќе му започне наесен.

Испрати коментар

Вашата е-мајл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *