» ,
Citroen C3 Aircross достигна зрелост

Уникатен како и досега

» Произведен во 330.000 примероци од своето претставување кон крајот на 2017-тата, Citroen C3 Aircross ја продолжува својата офанзива во висококонкурентскиот сегмент. Веднаш се воочува неговиот наметлив, привлечен и ултра-прилагодлив дизајн, како и неговата просторност и ненадминлива модуларност. Нудејќи богата разновидност во употребата со компактнатната надворешност и просторната кабина, претставува идеално решение за луѓе со активен животен стил, кои бараат поголем комфор и модуларност, како и прецизно управување и агилност при секојдневното користење.

C3 Aircross е рестилизиран, со уште поголема можност за персонализација, со подобрен статус и модерен дух, надополнет со зголемен комфор во патничката кабина, смиреност и екстра разновидност при употребата. Неговата уникатност е нагласена со заштита на долниот дел на каросеријата и лакот на тркалата, заштита на подвозјето во предниот и заден дел, кровни носачи со полни и дарежливи форми. При претставувањето, дизајнот и можностите за персонализација на C3 Aircross изразуваат чувство на пријатност и свежина. Сега C3 Aircross ја достигна својата зрелост, зачувувајќи ја својата оригиналност и посебност. Неговиот разигран став еволуира и моделот се здоби со понаметлив, зрел карактер, сразмерен со очекувањата во овој сегмент.

Програмата за персонализација кај новиот C3 Aircross е надополнета со цел да ги задоволи барањата на клиентите кои бараат уникатен SUV според своите замисли, кој ќе се истакнува и разликува. Надворешниот изглед е надополнет до 70 можни комбинации. Надополнетата персонализација продолжува и во внатрешниот простор преку 4 различни амбиенти, секој со свој идентитет, за да ги исполни очекувањата и желбите на секого. Новиот C3 Aircross SUV  ќе биде достапен со палета ефикасни мотори со високи перформанси – бензинските PureTech 100 и 130 и дизелите BlueHDi 100 и 120. Се очекува во јуни годинава.

Испрати коментар

Вашата е-мајл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *