Германски гени за рускиот теренец
» Досега многу пати Lada Niva е преработена на сите можни и неможни начини, но вака не беше. Изненадува темелноста и сеопфатноста со која рускиот теренец добива германски гени, и тоа чистокрвни баварски. Моторот е 2,0 литарски дизел засилен на 250 коњи, менувачот автоматски, а и погонскиот систем е од BMW. И внатре е исто – управувачот, двозонскиот клима уред, инфо-забавниот систем – сé е од BMW, освен 20-инчните тркала кои до 100 km/h ќе се свртат за 6 секунди. За повеќе, изгледајте го видеото.